ФУДБАЛ

Манџукиќ објави крај на кариерата, а потоа Баерн уште еднаш ја покажа својата големина

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ денеска објави крај на својата професионална кариера.

Популарниот Мањо остави голема трага играјќи за Динамо, Волфсбург, Баерн, Атлетико, Јувентус, а особено го паметат навивачите на Баерн, со оглед на тоа што ги обезбеди можеби најдобрите игри во кариерата во гигантот од Минхен.

Денешната порака од баварскиот тим е потврда колку му значеше Манџукиќ на Баерн.

“Крај на одличната кариера. Ви благодарам за се, Марио”, напишаа од Баерн и му се заблагодарија на Манџукиќ што означи дел од неговата кариера со одличните игри во дресот на Баерн.

Манџукиќ одигра 426 професионални натпревари и постигна 166 голови за клубовите, а за репрезентацијата на Хрватска имаше 89 настапи и 33 голови.