Јувентус и Манчестер Јунајтед најдоа договор за трансферот на Марио Манџукиќ на „Олд Трафорд“ во јануари.
Ова е она што го пишуваат англиските медиуми, според кои Хрватот може во декември да се пресели во Англија за да се прилагоди на клупското опкружување во Манчестер.
Манџукиќ заврши целосно надвор од плановите на Сари, бидејќи Хрватот не беше ниту вклучен во списокот со квалификувани играчи во Лигата на шампионите.
Трансферот во Премиер лигата се очекува да биде извршен за на 11,5 милиони евра што ќе одат во касата на „Бјанконерите“.