Садио Мане летово се пресели во Баерн од Ливерпул за 32 милиони евра без бонуси.
Со оглед на неговиот карактер, скромност и професионалност, Мане беше одлично прифатен во Баварија, што не е премногу изненадувачки.
Веќе во првиот натпреварувачки натпревар дебитираше и го освои трофејот откако во германскиот Суперкуп го совлада РБ Лајпциг со 5:3.
Ако денот по утрото се познава, Сенегалецот ќе биде големо засилување за Баерн, а сигурно ќе игра подобро откако ќе ги запознае новите соиграчи.
Мане играше со одлични играчи во Ливерпул, а истото го чека и во Баварија што ќе му помогне да го помине периодот на адаптација.
Одличниот офанзивец веќе го избра најдобриот соиграч. Интересно е што реши да го избере дефанзивецот Алфонсо Дејвис.
“Тој дефинитивно е мојот омилен соиграч. Тој е навистина добро момче, смешно, искрено. Одличен тип”.
Треба да го запознаете лично за да разберете каква личност е и каква забава е да се игра со него, но морам да истакнам дека целиот тим е фантастичен“, изјави Мане.