ФУДБАЛ

Мане ја открива причината за несогласувањето со Салах

Многу се зборуваше за ривалството меѓу соиграчите на Ливерпул Садио Мане и Мохамед Салах. Двете sвезди на „црвените“ честопати се борат да бидат најдобрите стрелци на клубот.

Гласините ги отфрли Сенегалецот во интервју за „Канал Плус Спорт“.

“Тоа беше случајно. Сакав да му помогнам на тимот. Честопати ги гледаме нашите ривали од Сити како постигнуваат пет или шест гола, затоа сакав веднаш да го затворам натпреварот.”

“Бев лут во тој момент. Јас разговарав веднаш со Салах и бевме разјаснети. Кога тренерот ми се јави ситуацијата беше разјаснета и тој беше задоволен, но и изненаден од тоа што се случи”, рече Мане.

Мане го откри и разговорот што го имал со Салах во тоа време:

„Салах ме праша зошто бев лут и јас одговорив затоа што тој не ја подаде топката“.

„Требаше да подадеш, реков. Тој одговори: „Јас не те видов. Точно е, немам ништо против тебе.“ Знаев дека е вистина, но ми се чинеше чудно во тој момент. Ние секогаш сме во трка, но немаме проблем“.

„Дури и Видналд се шегуваше и еден ден ми се приближи до мене и ми рече гласно ’Садио, зошто сакаш да го победиш Салах’. Целиот тим започна да се смее“, заврши Мане.