Садио Мане го напушти Баерн Минхен за да премине во Ал Наср и призна дека е разочаран од ваквиот исход.
Сенегалецот минатото лето пристигна како големо засилување од Ливерпул, но не ги оправда очекувањата. Томас Тухел пред почетокот на сезоната му порача дека е најдобро да си најде нов клуб, а во Минхен беше персона нон грата откако му удри шлаканица на соиграчот Лерој Сане.
„Тоа што го напуштив Баерн на таков начин ме повреди. Би сакал да заврши поинаку. Знам дека ќе бев од голема помош оваа сезона. Но, без разлика на се, му посакувам се најдобро на клубот и на навивачите“, рече Мане.
Сега ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ.
