ФУДБАЛ

Мануел Нојер потпиша нов договор со Баерн

Баерн денеска потврди дека Мануел Нојер потпишал нов договор со овој клуб.

Нојер во клубот од Минхен пристигна во летото 2011 година од Шалке и секако е еден од најдобрите голмани во светот.

 

36-годишниот голман имаше договор со Баерн до крајот на следната сезона, но челниците на клубот од Алијанц Арената решија да му понудат на Нојер нов договор до летото 2024 година, што тој веднаш го прифати.

Баварците на официјалниот сајт потврдија дека Нојер потпишал нов договор и ќе остане член на Баерн најмалку до летото 2024 година.

“Среќни сме што Нојер го продолжи договорот. Тој е со нас од 2011 година, тој е вистински капитен и еден од најдобрите голмани во светот. Тој е еден од нашите клучни играчи со години и ние сме среќни што остануваме “, изјави Хасан Салихамиџиќ по потпишувањето на договорот.

Нојер не ја криеше среќата што остана во клубот за кој настапува 11 години, а со Баерн освои се што можеше.

„Многу сум среќен што останувам овде. Имаме многу добар тим и повторно ќе се бориме за сите титули. Сакам да им дадам поддршка на моите соиграчи и се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу титули“, вели Нојер.

Откако дојде од Шалке, овој искусен голман забележа речиси 500 настапи за Баерн.