ФУДБАЛ

Марадона 1986 VS Меси 2022 година, ова е неверојатно!

Лионел Меси ја одведе својата Аргентина до ново финале на Светското првенство!

Со гол од пенал и нереална асистенција за Јулијан Алварез за 3:0, Меси беше играч на натпреварот во победата над Хрватска со резултат 3:0.

На овој турнир Меси дојде до нереални бројки од пет гола и три асистенции, што е на чекор од повторување на настапот на Марадона во Мексико во 1986 година, кога Аргентина за последен пат стана светски шампион.

На тој Мундијал во Мексико, неверојатниот Марадона постигна пет гола и додаде пет асистенции за Аргентина, па на Меси му требаат „само“ уште две асистенции за да го достигне тој учинок.

Марадона учествуваше во 10 гола за Аргентина во Мексико, Меси на осум  и никој нема да се лути ако остане вака, но ако ја го однесат пехарот онаму каде што најмногу го сакаат и чекаат 36 години.

Марадона 1986 година – 5 гола, 5 асистенции

Меси 2022 година – 5 гола, 3 асистенции.

Недела, 20.00 часот, момент за историја.