ФУДБАЛ

„Марадона“ е распродаден за вечерва, а Наполи не игра ниту во Неапол

Фудбалскиот клуб Наполи соопшти дека стадионот „Диего Армандо Марадона“ е распродаден за вечерашниот натпревар што нивниот тим го игра во Удине.

На стадионот во Неапол ќе се организира заедничко гледање на натпреварот против Уднинезе (вечерва во 20 часот и 45 минути) преку видеопроектори, а портите на „Марадона“ ќе бидат отворени од 18 часот.

Избраниците на Луќан Спалети викендов против Салернитана ја пропуштија можноста и официјално да станат шампиони на Италија, но вечерва имаат нов и доколку го победат Удинезе тоа ќе се случи.

Стадионот има капацитет од близу 55.000 седишта. Вечерва Наполи би можел да ја освои првата национална титула по 1989/90 година.