ФУДБАЛ

Марадона еднаш рече: Каков играч изгубивме поради кокаин! (ВИДЕО)

Различни видеа и изјави на Диего Марадона продолжуваат да се објавуваат по смртта на легендата во средата.

АС сега објави видео на кое Марадона со болка вели: „ Дали знаете каков играч би бил ако не користев кокаин?”.

„Каков играч изгубивме“, изјави легендата, една од најдобрите во историјата на фудбалот.

Диего Армандо Марадона успеа да биде прогласен за светски шампион со Аргентина во 1986 година, додека во својата клупска кариера блескаше со италијанскиот дрес на Неапол, каде освои две титули шампион (Серија А – Скудетон), Куп на Италија, Куп на УЕФА и Супер куп на Италија.

 

ПОВРЗАНО

Серија А