Иако Жозе Мурињо не постигнува големи резултати со Манчестер Јунајтед, легендарниот Диего Марадона го смета Португалецот за најдобар тренер во светот.
Во разговор со „Марка“, Марадона искрено призна дека Мурињо е најдобар во светот.
„За мене, Мурињо без сомнение е најдобар тренер на светот“, рече Марадона.
Иконата на аргентинскиот фудбал коментираше за перформансите на Пеп Гвардиола. И имаше што да каже.
„Би му дал признание на Пеп, бидејќи искористи сè што Јохан Кројф му даде. Уше еднаш ќе кажам. Пеп не ја измисли тик-так, туку Кројф. Пеп во моментов може да избере кој сака играчи и така да си ја олесни тик-так“ , Посочи Марадона.
Легендарниот Аргентинец во моментов е вработен како тренер на мексиканската Дорадос, а едно време бил тренер и на Аргентина.