Клубовите од Саудиска Арабија летово предизвикаа бура во Европа и ангажираа голем број врвни играчи.
Еден од асовите на светскиот фудбал кој реши кариерата да ја продолжи во оваа лига е Алжирецот Ријад Марез кој го позајми дресот на Ал Ахли.
Трендот на големи имиња да одат во Саудиска Арабија треба да продолжи и во иднина, претпоставува Марез, кој летово го напушти европскиот шампион Манчестер Сити за да премине во Ал Ахли.
„Нивото на фудбалот во Саудиска Арабија не е лошо, но се подобрува се повеќе и повеќе. Луѓето овде се подготвени да ги насочат сите свои ресурси за да ги доведат најдобрите играчи и им оди многу добро“, рече Марез.
Тој го спореди фудбалот на Блискиот Исток со европскиот фудбал.
„Сè уште не е највисоко ниво, но кога би требало да го оценам, би рекол дека Про лигата е во најдобрите седум во светот“, истакна Марез.
И покрај тоа, на социјалните мрежи денеска кружи фотографија од Ријад Марез на која јасно се гледа дека тој се здебелил најмалку 10 килограми, па многу љубители на фудбалот се прашуваат како и на кој начин тренира во Саудиска Арабија?
Со овој изглед дефинитивно не играте во Топ 7 лигите на светот, но времето ќе покаже дали Алжирецот бил во право или претерал кога го кажал ова…
Baš se cepa sa treninzima u Arabiji pic.twitter.com/lAYs875Y3z
— Felce Azzurro (@darnartan) November 16, 2023
