ФУДБАЛ

Маријано: Ви благодарам на сите за пораките за поддршката, се надевам дека наскоро ќе се вратиме во нормалност

Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано изјави дека се чувствува многу добро и дека се изолирал во својот дом, откако во вторникот тестираше позитивно за коронавирус.

Реал Мадрид ги тестираше сите играчи во нивните домови во понеделникот, а Маријано беше единствениот кој излезе позитивен.

Тој ќе остане во својот дом во изолација и им се заблагодари на сите за пораките за поддршка.

„Ви благодарам на сите за пораките за поддршката. Фала му на Бога, се чувствувам многу добро“, рече Маријано, додавајки

„Моето семејство и роднините исто така се добри. Сега сум во карантин дома. Се надевам дека наскоро ќе се вратиме во нормалност и ќе бидам наскоро со моите соиграчи“, додаде тој.