Фудбалерот на Бреша, Марио Балотели, скоро сигурно ќе го напушти овој клуб на крајот на сезоната.
Ова, наводно, го потврдил неговиот агент Мино Раиола, а тој откри и со кои клубови преговара.
Балотели се врати во Италија минатото лето, и одигра добра сезона за Бреша, а на крајот на сезоната повторно излегува од Италија.
Најголем интерес за неговите услуги покажаа две екипи, една од Бразил, а другата од Турција. Ова се екипите Васко да Гаме и Галатасарај.
Иако Балотели има договор со Бреша до 2022 година, тој ќе побара трансфер, а се очекува челниците на овој клуб да не му предизвикаат проблем.
На деветнаесет натпревари одиграни оваа сезона, Марио Балотели постигна пет гола, но одлучи дека му треба подобар предизвик.