Италијанскиот напаѓач Марио Балотели по шест месеци конечно успеа да најде нов клуб.
Балотели летово остана без клуб кога Бреша реши да ја прекине соработката со него, но тој трпеливо ја чекаше вистинската понуда. Тој се поврза со бразилските клубови Васко Де Гама, но на крајот реши да остане во Италија.
Имено, Супер Марио својата кариера ќе ја продолжи во пониските редови на италијанскиот фудбал затоа што синоќа потпиша договор со Монца.
Балотели се согласи на соработка до крајот на оваа сезона со можност за продолжување на договорот за уште две сезони. Познато е дека Монца е предводен од Силвио Берлускони и Адријано Галијани и јасно е дека тие сакаат пласман во Серија А оваа сезона.
За Балотели ова е уште една можност по ред да ја оживее својата кариера, а дали ќе успее во тоа останува да видиме.
✍️ OFFICIAL: @FinallyMario ➡️ @ACMonza 🔴⚪️
📸 @ACMonza / Buzzi pic.twitter.com/TgeEAiwjv7
— 433 (@433) December 7, 2020