Марио Балотели ја заврши својата половина сезона во Марсеј на груб начин, црвен картон во последното коло.
Сепак, Марио не разочара откако пристигнал во „Велодром“, даваше голови и покажал дека периодот на неиграње во Ница не оставил премногу трага врз него.
Иднината на немирниот Италијанец се уште е непозната, бидејќи тој пристигна во Марсеј со полугодишен договор – кој ќе истече на 30-ти јуни.
Се шпекулираше дека Марио ќе го напушти Марсеј, но сега има информации дека италијанскиот напаѓач ќе остане на „Велодром“.
Ил Џорно тврди дека Балотели ќе потпише нов договор со Марсеј, што значи дека ќе ги одбијат, понудите на Парма и Бреша.
Балотели играше 15 натпревари во Марсеј во вториот дел од сезоната и постигна осум гола.