Херојот на Мундијалот во 2014 година би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.
Марио Геце ја помина целата своја кариера во Германија, но бидејќи Борусија Дортмунд не сака да го продолжи договорот што истекува на крајот на сезоната, 27-годишниот фудбалер ќе мора да бара нов ангажман.
Откако успешно ги отстрани здравствените проблеми, Геце се врати во фудбалот оваа сезона, но не е на исто ниво како пред неколку години.
Иако во последниве неколку недели се споменува како ново засилување на Рома, германскиот фудбалер ќе дојде во Рим, но доколку веруваме на „Газет дело Спорт“ тој ќе потпише за Лацио.
Кулдио Лотито сака да го повтори сценарио како со Мирослав Клосе кога овој напаѓач се покажа како полн погодок. Сепак, Геце ќе треба да ги намали своите „апетити“.
Тој во Борусија заработува 10 милиони евра годишно, но дефинитивно во Лаци не можат да му ги понудат тие пари.