Хрватскиот напаѓач сè уште е без клуб, но наскоро би можел повторно да игра фудбал на високо ниво.
Манџукиќ со години игра на високо ниво во клубови како Динамо, Волфсбург, Баерн, Атлетико и Јувентус, а имаше и кратка епизода во Катар каде одигра пет натпревари за Ал-Духаил.
Тој е слободен од јули оваа година и оттогаш чека нов ангажман. Тој се поврзува со Фенербахче, Бешикташ, Локомотив Москва, Интер, Беневенто, Верона и Фиорентина.
Сепак, според извештаите од Шпанија, тој би можел да се врати во Ла Лига бидејќи Селта Виго е подготвена да му понуди договор на 34-годишниот напаѓач.