Пелистер го промовираше Марјан Секуловски во нов тренер. Секуловски пред три недели ја напушти Брегалница, па сега се враќа во матичниот клуб каде што работеше и во минатото, а на кормилото ќе го замени Капинковски, кој се повлече уште во ноември.
Новиот стратег на Пелистер го предводеше битолскиот тим двапати во кариерата, а беше и на кормилото на Новаци, 11 Октомври, Македонија Ѓорче Петров, Силекс, додека во странство има искуство со екипите на Ајејавади јунајтед со кој го освои Купот на Мјанмар, исто така ги предводеше и Јангон јунајтед и Шан јунајтед, а со тимот на Мазија освои две шампионски титули на Малдивите.