ФУДБАЛ

Марка два дена претходно го откри најдобриот тим на УЕФА од минатата сезона

Во четврток и официјално ќе биде објавено кои 11 играчи го сочинуваат најдобриот тим на УЕФА за минатата сезона.

 

И додека одлуката со нетрпение се чека низ Европа, Марка ексклузивно откри кој ќе ги сочинува најдобрите 11.

 

Така, во идеалниот тим на УЕФА за сезоната 2021/22 се: Куротоа (Реал Мадрид), Александар-Арнолд (Ливерпул), Рудигер (Челзи), Ван Дајк (Ливерпул), Робертсон (Ливерпул), Фабињо (Ливерпул), Модриќ ( Реал Мадрид), Де Брујн (Ман Сити), Винисиус (Реал), Мбапе (ПСЖ) и Бензема (Реал).

Дури осум играчи доаѓаат од финалето на Лигата на шампионите, по четворица од победниците Реал Мадрид и Ливерпул, додека Рудигер влезе во тимот како играч на Челзи, но моментално е на Реал.

 

Манчестер Сити и ПСЖ имаат по еден играч.