ФУДБАЛ

Марка: Кавани на чекор до потпис за Реал Мадрид!

Синоќа по ремито со Реал Сосиедад, Реал Мадрид сфати дека итно им треба нов напаѓач.

Според „Марка“, Зинедин Зидан веднаш отишол да го земе поранешниот играч на ПСЖ, Единсон Кавани.

Кавани моментално е во Уругвај каде тренира според сопствена програма, а сега е во преговори со Реал Мадрид.

Според „Марка“, тој барал договор за плус една сезона, а сака плата од седум милиони евра по сезона.

Реал секако може да плати за тоа, бидејќи доаѓа бесплатно, но прашање е дали е тоа што во моментот им одговара.

Останува да се види дали Зидан ќе одлучи да го доведе овој напаѓач, но „Марка“ тврди дека сè е многу близу до финализирање на зделката.