ФУДБАЛ

Марка: Лопетеги е бивши, Антонио Конте го презема Реал Мадрид!

Тешкиот пораз од Барселона во „Ел Класико“ (5:1) е последниот натпревар на Јулиен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид.

Според „Марка“, Лопетеги уште утре ќе биде отпуштен, а новиот тренер на „кралевите“ од Мадрид ќе биде италијанскиот експерт Антонио Конте.

Се очекува уште денес италијанскиот тренер да пристигне во Мадрид за да го потпише договорот со „кралевите“ и веднаш ќе го преземе клубот.

Сепак, ако не сè заврши се денес, клубот привремено ќе го преземе поранешниот играч на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, кој во средата би можел да ја предводи екипата во Копа дел Реј против Мелила.

Конте претходно го водеше Челзи, во изминатите две години, од каде што беше отпуштен ова лето, а претходно ја водеше екипата на Јувентус и Италија.