Досега се навестуваше дека Лионел Меси наскоро ќе го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува на лето и дека во следните две сезони ќе игра во дресот на францускиот шампион. Сепак, се чини дека дојде до пресврт во размислувањата на Меси.
Како што објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро, Аргентинецот повеќе не е сигурен дека сака да го продолжи договорот со парижаните и почнал да разгледува опции доколку не го стори тоа.
„Од денеска Меси не сака да го продолжи договорот со ПСЖ“, објави Ромеро на Твитер и додаде: „Освојувањето на Светското првенство го промени начинот на размислување на Меси. Сега тој го цени она што го има сега многу повеќе од она што би можел да го има во иднина“.
Марка тврди дека сето тоа е вистина и објаснува дека станува збор за тоа што Меси сега ја исполнил последната цел што ја имал во кариерата и дека сега би сакал до крајот на кариерата да игра онаму каде што најмногу му се допаѓа. Бидејќи освојувањето на титулата во Франција со ПСЖ не го прави среќен, а ниту освојувањето на Лигата на шампионите со тој клуб не му е посебен мотив, Марко наведува дека неговото враќање во Барселона е многу реално.
