Како што пишува шпанска „Марка“, Серхио Рамос му рекол НЕ на Реал Мадрид за продолжување на соработката. Имено, со оглед на тоа дека неговиот договор му истекува во јуни, и со оглед на тоа дека има 34 години, раководството на клубот му понудило продолжување на соработката за уште една сезона со исти финансиски услови како и сега, но да се вклучи и 10 отсто планираното намалување за сите фудбалери, па и Рамос поради коронакризата. Сепак, „Марка“ тврди дека Рамос рекол НЕ.
Ова уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека би можеч да заврши во ПСЖ.
Понудата за продолжување на соработката ја одбил и Лукас Васкез, а единствено Лука Модриќ се согласил на договор на уште една година.