Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез би можел да се врати на патеката многу порано од очекуваното.
Потсетете се, Маркез вчера, во првата трка од сезоната, претрпе многу сериозен пад и во таа прилика ја скрши горната коска на левата рака, а се претпоставува дека имало оштетување на нервите.
Тој ќе биде опериран утре во Барселона, а доктор кој ќе го стори тоа е Др. Мир, шеф на Универзитетската болница во Барселона. Тој вели дека планот е да се подготви Маркез за трката во Брно, која е закажана за 9 август.
“Целта е Марк да биде подготвен за Брно. Тоа е мала повреда, но Херез дефинитивно беше откажан за Марк. Доколку нема повреда на нервот, полесно ќе се стабилизира фрактурата и Марк ќе се врати на патеката побрзо”, рече тој.
Значи, следната трка, која исто така се води во Херез, е откажана за Маркез, но постои опција да се врати уште следниот месец.
Во најлош случај, ако се појави радијална повреда на нервот, Маркез нема да биде на патеката четири недели.