Фудбалерите на Борусија Дортмунд беа поразени синоќа во осмина финалето на германскиот ДФБ Куп од Вердер со 3:2, и се збогуваа со ова натпреварување.
Вердер одигра многу добар натпревар против Дортмунд како фаворит. Видовме дури пет гола на натпреварот, со тоа што домашната екипа славеше со 3-2.
Покрај тоа што се збогуваше од Купот на ДФБ, Дортмунд дозна уште една лоша вест по мечот.
Всушност, во финишот на натпреварот Марко Ројс беше го напушти теренот поради повреда, а резултатите по дополнителните прегледи не се многу добри.
Дортмунд денеска потврди дека Ројс е повреден и ќе се врати на терените за еден месец.