Марко Роси: Се чувствувам добро во Унгарија, го ценам мојот договор со тимот

Written by

in

Селекторот на унгарската репрезентација Марко Роси го сподели своето мислење за неговата иднината по поразот од Италија (0:2) во 6. коло од Лигата на нации.

– За мене, кога потпишувате договор и се ракувате, мора да го одржите тој збор. Договорот истекува во декември 2025 година, го ценам тоа и сакам да останам до крај, освен ако не ме исфрлат порано. Се чувствувам добро во Унгарија, живеам во многу цивилизирана земја каде што тие го сакаат фудбалот, можеби дури и повеќе отколку во Италија, го цитира Роси, „Tutto Mercato“.

Педесет и осумгодишниот Роси ја предводи унгарската репрезентација од 2018 година. Унгарците групната фаза ја завршија на второто место во групата 3 од А дивизијата од Лигата на нации со 10 бода во 6 натпревари, оставајќи ги зад себе фудбалските гиганти Германија и Англија.