Младиот македонски пливач Марко Пејчиноски се реши на нов подвиг. Се обидува да ја преплива делницата од градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум.
-Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, објави неговиот тим на социјалните мрежи.
Марко во 2018-та година, на 12 години пливаше од Свети Наум до Охрид, со што стана најмладиот пливач кој успеал да ја преплива оваа делница.