Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ спас за својата кариера, која брзо паѓа, може да се најде во Фиорентина.
Овој офанзивец веќе подолго време не добива шанса во Ливерпул, во чии редови стигна во 2014 година од Бенфика, но во британската јавност се повеќе се шпекулира дека на неговата сезона на Енфилд ќе му дојде крајот и тоа во зимскиот трансфер период.
Бидејки има недостаток на интерес, медиумите во Италија тврдат дека Фиорентина има најголеми шанси за потпис. Клубот од Фиренца веќе контактирал со Ливерпул и во наредните денови, треба да се објави дека официјалните преговори треба да започнат, за да може трансферот да се изврши.
За Марковиќ, во случај ако трансферот се реализира, исто така, тоа ќе биде првиот трансфер во Серија А. Тој претходно играше на позајмица во Фенербахче, Спортинг, Хал Сити и Андерлехт, каде ја завршил претходната сезона.
Инаку, договорот на Марковиќ со Ливерпул важи до летото следната година.