Маркус Рашфорд би можел да направи изненадувачки трансфер во летниот преоден рок.
Според „Дејли Мејл“, 24-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед има понуда од лондонски Арсенал и менаџерот на „топчиите“ Микел Артет го гледа како напаѓачко засилување за неговиот тим во наредните години.
Арсенал ќе остане без Александре Лаказет и Еди Нкетија на кои им истекуваат договорите. Тие нема да бидат продолжени и тимот од Емирати е во потрага по нов напаѓач.
Првиот избор на Артета е Рашфорд. Ќе се обидат да го искористат неговото незадоволство во Јунајтед и да го доведат во својот тим, што секако би бил голем трансфер.
Поради лошата форма, одличниот напаѓач остана без покана за репрезентацијата на Англија, па сето тоа може да го наведе Рашфорд да го направи првиот трансфер во кариерата.
Маркус Рашфорд целата своја кариера ја мина меѓу „црвените ѓаволи“. Тој дебитираше пред седум години, одигра 297 натпревари и постигна 93 гола.