Младиот 18-годишен бразилски фудбалер Луис Хенрике е ново засилување за Марсеј.
Францускиот клуб потврди дека потпишал договор со младиот Бразилец, за кој бил заинтересиран и Јувентус.
Според француските медиуми, фудбалерот кој одигра само девет натпревари за првиот тим на Ботафого, потпиша петгодишен договор со Марсеј.
Бразилскиот тим ќе инкасира 12 милиони евра, а не е познато колку ќе заработува младиот фудбалер.
Да потсетиме, Марсеј во овој преоден рок ги донесе Папе Гуеја од Ватфорд, Леонардо Балерди од Борусија Дортмунд и Јута Нагатому од Галатасарај.