ФУДБАЛ

Марсеј потврди: Димитри Пајет позитивен за коронавирус!

Коронавирусот продолжува да предизвикува проблеми во клубовите низ цела Европа.

Откако неколку клубови во Италија пријавиле случаи на коронавирус во тимовите, истото се случува и во Франција.

Имено, петтиот заразен играч во Марсеј е една од главните sвезди на тимот, а тоа е Димитри Пајет, чиј тест пристигна денес.

Пред него позитивни во овој тим беа Амави, Ронгиер, Лопез и Манданда, а прашање е дали Пејет ќе биде последниот играч во Марсеј кој ќе биде позитивен на КОВИД-19.

Како и да е, играчите на овој клуб продолжија да тренираат во мали групи распоредени на две полиња и во различни периоди.