Бразилската легенда Марсело го освои својот прв трофеј по враќањето во родниот град Флуминенсе на крајот на февруари. До пехарот стигна благодарение на победата на неговиот тим над Фламенго од 4:1 во финалето на шампионатот во Рио де Жанеиро одиграно на Маракана.
Така „триколорите“ анулираа 0:2 од првиот меч и со вкупен резултат 4:3 стигнаа до титулата шампион на својата земја.
👑🇧🇷 Real Madrid legend Marcelo scores an incredible goal for Fluminense. pic.twitter.com/YX1yrpKUX7
— Madrid Xtra (@MadridXtra) April 9, 2023
Серијата голови ја отвори Марсело во 30. минута. Тој ја прими топката на работ од шеснаесетникот, доби дуел со двајца противнички играчи и потоа со одличен удар ја погоди противничката мрежа. Следните два гола ги постигна Херман Кан (34′, 56′), додека четвртиот го постигна Александар (65′). Почесниот гол за Фламенго го постигна Аиртон во последните секунди од натпреварот.
TRINTA E TRÊS VEZES FLUMINENSE FOOTBALL CLUB pic.twitter.com/rUTd2p3ZRP
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) April 9, 2023
Така Флуминенсе стигна до 33-та титула шампион на државата Рио де Жанеиро, па следниот викенд расположено ќе го дочека стартот на бразилското првенство.
