ФУДБАЛ

Марсело го згазна грбот на Манчестер Сити, а Милитао ги воодушеви сите со својата реакција

Манчестер Сити и Реал Мадрид вечерва го играат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Лигата на шампионите ни донесе големи возбудувања во досегашниот дел од сезоната, но најдоброто допрва доаѓа во полуфиналето и финалето на ова натпреварување.

 

Љубителите на фудбалот вечерва можат да го проследат првото полуфинале бидејќи на „Етихад“ ќе се сретнат Манчестер Сити и Реал Мадрид, а извесно е дека не очекува вистински спектакл во пресметката на овие клубови.

 

Јасно е дека и двете екипи сакаат да освојат трофеј со кој би била крунисана одлична сезона, но само еден од нив има пласман во финалето.

 

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера пристигнаа во Манчестер, а синоќа тренираа на „Етихад“ што е последна подготовка за денешната пресметка.

 

По тренингот, во центарот на вниманието беше искусниот Марсело, кој пред почетокот на натпреварот го прегази грбот на Манчестер Сити. Едер Милитао веднаш му кажа дека гази на грбот на Сити, а Марсело се фати за глава кога виде што направил.

 

Познато е дека фудбалерите кога излегуваат на терен избегнуваат да стапнат на грбот на клубот на чиј стадион се наоѓаат, но Марсело овој пат зборуваше и не погледна каде оди. Сепак, неговата реакција покажа колку му е жал за се што направил.