ФУДБАЛ

Марсело избра нов клуб и направи големо изненадување

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело (34) го избра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

 

По 15 години минати во Реал Мадрид, 34-годишниот лев бек кариерата ја продолжува во грчкиот гигант Олимпијакос.

 

Шпанскиот El Chiringuito донесе ексклузивна информација дека Марсело е многу блиску до потпис за тимот од Пиреја и дека потписот треба да биде официјализиран во наредните часови.

Марсело минатото лето беше поврзуван со бројни клубови. Претходните денови најмногу се зборуваше за заминување во Лестер, но на крајот немаше ништо за одење во Англија.

 

Исто така, многу се зборуваше дека би можел да ја заврши кариерата. Сепак, очигледно е дека се уште е желен за фудбал и дека сака да игра повеќе.

Според сите проценки, легендарниот лев бек кариерата ја продолжува во Грција и ќе видиме дали навистина ќе се случи овој трансфер.

 

Во претходните 15 години бразилскиот фудбалер освои апсолутно се со мадридскиот гигант и важеше за еден од најдобрите леви бекови во светот.

 

Тој за деценија и пол успеа да крене дури 25 трофеи и ќе остане запаметен како вистинска легенда на кралскиот клуб.

 

Марсело за Реал Мадрид одигра вкупно 546 натпревари и постигна 38 голови.

Марсело до 2018 година беше репрезентативец на Бразил. За Кариоке одигра 58 натпревари и постигна шест гола, од кои еден против Босна и Херцеговина на пријателски натпревар во 2012 година кога Бразил победи со 2:1.