ФУДБАЛ

Марсело ја донесе одлуката, обично онаа што ја носеа Бразилците на негова возраст

Искусниот бразилски дефанзивец Марсело е блиску до заминување од Реал Мадрид.

Во бразилското првенство во последните години се вратија голем број на ѕвезди кои играа во големите европски екипи, а сега би можел да им се приклучи и Марсело, легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид.

Марсело долго време беше на стартната позиција во Реал, но во последните две сезони беше „прегазен“ од помлади соиграчи и падна во втор план, па е подготвен да го напушти тимот во кој помина 15 години и освои 22 трофеи, од кои четири титули во Лигата на шампионите.

Марсело има 33 години и веројатно би можел без проблеми да ја продолжи кариерата во Европа поради годините, но како и многу негови сонародници, тој реши да ја испише последната епизода дома, во Бразил.

Аргентинскиот Оле пренесува дека Марсело во јануари би можел да потпише за Флуминенсе, за кој настапувал до 2006 година, кога тогашниот директор на Реал, Предраг Мијатовиќ го однел во Мадрид.

Останува само прашањето дали Марсело ќе патува во Бразил на почетокот на годината или ќе почека до крајот на сезоната кога му истекува договорот со кралевите.

Инаку, во Бразил моментално играат големи ѕвезди како Хулк и Диего Коста (Атлетико Минеиро), Давид Луиз, Филипе Луис и Габигол (Флуминенсе), Вилијан (Коринтијанс) или Фелипе Мел (Палмеирас) и Дугас Коста (Гремио).

Во Флуминсенсе, Марсело би играл заедно со 38-годишниот ветеран Фред, а во клубот се очекува да се пресели и поранешниот член на Јувентус, Фелипе Мело, бидејќи одлучи да го напушти Палмеирас.