ФУДБАЛ

Марсело не се шегува: Поднесе барање за трансфер во јануари

Во шпанските медиуми вчера се појавија информации за Марсело може да ја напушти Реал Мадрид, а шпекулациите за бразилскиот фудбалери продолжуваат и денес.

Реномираната „Марка“ пишува дека Марсело навистина одлучи да го напушти кралскиот клуб на почетокот на 2019 година, а наводно, ќе му се придружи на Кристијано Роналдо во Јувентус. Бразилецот е веќе десет години стандарден член на кралскиот клуб, но очигледно е дека тој сака нов предизвик во кариерата.

Италијанскиот „Тотоспорт“ направи чекор понатаму и утрово на насловна објави дека Марсело веќе поднесе барање за трансфер до Јувентус. Очигледно, Бразилецот сака да продолжи со соработката со Роналдо кој очигледно успеал да го убеди да дојде во клубот од Торино.

Според шпекулациите во медиумите, Јуве веќе е подготвен да го донесе Марсело, а сега чекаат Реал Мадрид да одлучи дали неговото барање ќе биде прифатено. Ако Кралевите се подготвени да го продадат Марсело, тие би можеле да заработат околу 55 милиони евра, но исто така и да се изборат за во спротивна насока да дојде Алекс Сандро.