Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го победија Атлетик Билбао со 2-0 и со тоа го освоија шпанскиот Суперкуп.
До новиот трофеј стигна Реал Мадрид, а до новиот трофеј стигна и искусниот Бразилец Марсело. За него ова беше 23. трофеј откако е член на кралскиот тим, што значи дека се израмни со Пако Гент, кој исто така е на 23 трофеи.
Поранешниот капитен Серхио Рамос, кој летово го напушти Реал и премина во ПСЖ, остана на 22 трофеи.
Карим Бензема е трет на таа листа со 20 трофеи, додека Икер Касиљас, Камачо и Чендо имаат по 19, Лука Модриќ, Рафаел Варан и Фернандо Иеро имаат по 18 трофеи.
Марсело на лето ќе стане слободен играч и сигурно е дека по долго време ќе го напушти Мадрид.