ФУДБАЛ

Марсело: Роналдо? Не само тој кој му недостига на Реал

Реал Мадрид вчера ремзираше на Сан Мамес против Атлетик и Кралевите не беа на нивното ниво.

Се разбира, сите веднаш велат дека на Реал му недостасува Кристијано Роналдо штом ќе се случи некој „кикс“.

“На Реал Мадрид низ историјата му недостигаа многу други. Навивачите сигурно се сеќавате на Раул, Зидан… не само Роналдо”, изјави Марсело.

Потоа Бразилецот се сврти кон натпреварот со Атлетик, кој заврши со резултат 1:1.

“Нас реми не не прави среќни. Мислам дека по поштено би било ние да добиевме. Игравме подобро во продолжение на натпреварот, но не сакавме да изгубиме поени. Иако, мислам дека нашиот тим е во добра форма”, заклучува Марсело.

Реал е втор на табелата по одиграни четири кола со 2 бода помалку од Барселона, кои ги забележа сите четири победи.