ФУДБАЛ

Марсело слушна што фановите му скандираат на Мбапе и веднаш покажа дека не сака да учествува во тоа (ВИДЕО)

Во Мадрид до раните утрински часови се славеше победата во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера се вратија во својот град и со навивачите во центарот ја прославија новата победа во Лигата на шампионите.

За Реал Мадрид ова е дури 14. европска титула во која кралскиот клуб е убедливо прв. Иако оваа сезона никој не им даде шанса да стигнат до самиот крај, Реал навистина имаше сезона за која долго ќе се зборува.

Во Мадрид се славеше до раните утрински часови, а навивачите се погрижија фудбалерите на Реал да не го заборават овој ден. Создадоа фантастична атмосфера, но ниту тогаш не го заборавија Килијан Мбапе.

Познато е дека Мбапе неодамна одби да дојде во Реал Мадрид и остана во ПСЖ, а навивачите на кралскиот клуб не можат да му простат за тоа.

За време на вчерашниот говор на Марсело, група навивачи почнаа да скандираат „Мбапе ку * вин сине“, а потоа се приклучија и останатите.

Марсело слушнал што скандираат фановите и застана за момент да зборува, но на сите им стави до знаење дека не сака да учествува во ваквото скандирање, што јасно се гледа на видеото.