ФУДБАЛ

Марсело: Со нетрпение го чекаме првиот натпревар

Одличниот бразилски дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело, изјави дека тој и неговите соиграчи не мое да го дочекаат првиот наптревар по паузата предизвикана од коронавирусот.

„Никогаш не сме имале толку долга пауза на тренинзите, така што нашата желба да играме фудбал порасна многу по прекинот на сезоната. Сега знаеме дека првенството ќе продолжи наскоро, така што не можеме да го дочекаме првиот натпревар. Сите се здрави, тренинзите се прекрасни, почнуваме да се враќаме на претходниот ритам“, изјави Марсело.

Претходно се дозна дека шампионатот на Шпанија ќе продолжи на 11 јуни.