Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ги критикуваше игрите и пристапот на Французинот Ентони Марсијал.
Во поразот од Њукасл (1:0), Марсијал влезе во конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг – беше сменет по еден час игра, а на пат кон клупата не го ни погледна холандскиот стручњак.
„Му простуваме на Марсијал затоа што постигнува гол на секои 14 години. Ќе кажам само едно: ако Њукасл нè притисне, тогаш подобро е да ја земете топката, да му помогнете на тимот и да добиете простор за дишење“, вели Кин и додава:
„А што направи Марсијал? Ја допре топката и ја продаде евтино. Јунајтед се обиде да се ослободи од него пред неколку години. Еден тим се оценува според тоа како игра на големи натпревари. Ако Марсијал не е способен за тоа, тогаш можеби не треба да биде играч на Јунајтед“.
Марсијал оваа сезона постигна само еден гол за „црвените ѓаволи“, против Евертон минатата недела, а во 2015 година од Монако му се приклучи на Жунејрид за 60 милиони евра.
Пролетва беше на позајмица во Севиља каде на 12 натпревари постигна еден гол.
