Фудбалерите на Арсенал оваа сезона играат навистина добро во сите натпреварувања.
На изненадување на сите, тие се на врвот на Премиер лигата над навистина моќниот Манчестер Сити, а играат феноменално во Лига Европа.
Се чини дека Артета конечно го избалансираше составот, а сега Арсенал ги жнее плодовите на трудот од претходните сезони кога многу млади беа воведени во системот на игра.
Арсенал оствари победа во дербито против Ливерпул, што е само круна на работата на Артета, со оглед на тоа што во последните години „топчиите“ редовно губат од довчерашниот противник.
Еден од најдобрите поединци на вчерашниот натпревар беше Габриел Мартинели, кој постигна гол и забележа асистенција.
Не беше само вчерашниот настап на Бразилецот, бидејќи Мартинели заедно со Габриел Жесус едноставно го води Арсенал до добри резултати оваа сезона.
Веднаш се појавија шпекулации дека за него се заинтересирани некои од најголемите клубови во светот, кои сакаат да го доведат во своите редови.
Самиот фудбалер реши да зборува за се, а не криеше колку е среќен во Арсенал и дека нема намера да го менува тимот.
„Секако дека сакам да останам во Арсенал. Зборуваме за нов договор, па да почекаме да видиме што ќе се случи. Но верувајте дека сакам да останам во Арсенал“, изјави Мартинели.
Оваа вест добива на тежина бидејќи ја пренесе човек кој е мајстор за трансфери, а секако станува збор за Фабрицио Романо.
Gabriel Martinelli announces his plan on future: “I want to stay at Arsenal, of course”. 🚨⚪️🔴 #AFC
“We are talking [about new deal] so let’s see what is going to happen, but I want to stay at Arsenal, of course”, quotes via @gunnerblog. pic.twitter.com/hBfeuppQQ0
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 10, 2022