ФУДБАЛ

Мартинес би можел да ја чини Барса 200 милиони евра

Аргентинскиот напаѓач покажува одлична форма во дресот на Интер, но и со Аргентина.

Барселона мора да направи голема жртва доколку сакаат да го доведат Лаутаро Мартинес.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ известува дека аргентинскиот напаѓач би можел да го чини каталонскиот гигант цели 200 милиони евра.

Аргентинецот блеска во дресот на Интер постигнувајќи четири гола на последните три натпревари.

Тој исто така прави добри настапи со репрезентацијата на Аргентина.

Шпанските медиуми пишуваат дека клаузулата за раскинување на договорот на 22-годишниот е 200 милиони евра.

Интер го купи играчот за 24 милиони евра од Расинг Клуб пред повеќе од една година.