ФУДБАЛ

Мартинез и Буендија ја напуштија репрезентацијата на Аргентина и се упатија кон Хрватска

Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат синоќа откако здравствените работници влегоа на теренот, бидејќи некои играчи на „Гаучосите“ го прекршија КОВИД протоколот во оваа земја.

Аргентинците пристигнаа во Бразил три дена пред натпреварот, но само два часа пред почетокот на натпреварот, беше објавено дека четворица играчи од оваа селекција ги прекршиле правилата на КОВИД и не можат да играат.

Тоа се Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијано Ромеро и Емилијано Буендија кои не пријавиле дека биле во Англија претходните 14 дена, поради што морале да влезат во задолжителна изолација.

Сепак, КОНМЕБОЛ исто така се вклучи во се, од што рекоа дека играчите на Аргентина имаат право да играат и покрај правилата во Бразил. Натпреварот започна според планираното, но беше прекинат само пет минути подоцна.

Неколку здравствени работници влегоа на теренот и побараа од споменатите фудбалери да го напуштат теренот бидејќи го прекршиле протоколот и дека мораат да го напуштат Бразил.

Потоа целиот аргентински тим отиде во соблекувалната и натпреварот дури и не продолжи. Какви санкции ќе добијат овие тимови за синоќешниот циркус, ќе се знае во наредните денови.

Аргентинските медиуми денеска објавија дека на Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија им била дадена дозвола да ја напуштат репрезентацијата и да се вратат во клубовите, но интересно е што тие прво ќе отпатуваат за Хрватска, а дури потоа ќе се вратат во Англија.

Имено, правилата се далеку поригорозни во Велика Британија отколку во Хрватска. Така, Мартинез и Буендија ќе мора да покажат негативен тест за коронавирус при влегување во Хрватска и нема да мора да одат во самоизолација, додека при влегување во Обединетото Кралство по враќањето од Јужна Америка ќе мора да одат во принудна изолација десет дена.

Овие фудбалери треба да поминат околу десет дена во Хрватска, по што ќе можат да се вратат во Англија без да одат во изолација.

Ова значи дека овие играчи ќе ги пропуштат следните натпревари на своите клубови во Премиер лигата. Што се однесува до Ло Селсус и Ромеро, не е познато дали ќе одат по истиот пат или играчите на Тотенхем веднаш ќе се вратат во Англија и ќе заминат во задолжителна изолација.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига