Роберто Мартинез, тренер на белгискиот фудбалски тим, изјави дека Манчестер Јунајтед и фудбалерот Ромелу Лукаку мора да го најдат решение за двете страни, бидејќи иднината на напаѓачот е неизвесна.
Неодамна, Лукаку беше двократен стрелец на Белгија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, а Мартинез изјави за „Sky Sports“ дека најважното нешто за фудбалерот е редовно да игра.
„Јунајтед и Ромелу треба да го најдат идеалното решение, од кое ќе биде среќни и двете страни. Ако се согласат дека им е потребна промена, тогаш треба да му дозволат да го избере вистинскиот клуб во кој ќе игра голема улога, бидејќи во моментов тоа е неопходно за него“.
Маркус Рашфорд беше првиот централен напаѓач кај Солскјер во текот на минатата сезона, додека Лукаку, кој постигна 12 гола во Премиер лигата, се спремаше за заминување во Интер од Милан, кој го следат со месеци.
Ромелу Лукаку дојде во Јунајтед во 2017 година од Евертон за 75 милиони фунти.