Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез е задоволен од пласманот во четвртфиналето и победата над актуелниот европски шампион Португалија.
„Ова не беше тест за тоа што можеме да бидеме и дали можеме да го направиме она во што Португалците се најдобри. Тие имаат многу искуство и знаат како да го препознаат моментот кога ќе ве повредат. Но, покажавме неверојатна концентрација и се браневме навистина добро. Постигнавме убав гол и во второто полувреме интензитетот замина на страната на Португалија. Моравме да покажеме силен менталитет, да бидеме тактички дисциплинирани и многу упорни. И успеавме, што ја прави радоста уште поголема“, рече Мартинез
Белгија во четвртфиналето ќе се сретне со Италија, од која загуби на последниот шампионат.