Близок пријател на Масимилијано Алегри, Џиовани Галеоне, воизјава за Газета Дело Спорт, најави враќање на славниот тренер. Како што изјавил тој, Алегри од јуни ќе биде тренер во Јувентус.
-Разговарав со него пред неколку дена и сигурно ќе се врати на клупскот фудбал во јуни. По неговиот глас се познава тоа дека е одлучен. Пред една година би ја исклучил можноста Алегри да се врати во Јувентус, но тоа сега дефинитивно не можам да го кажам, изјавил Галеоне.
Покрај тоа и самиот Андреа Пирло кој го води Јувентус призна дека знае дека раководството на тимот го контактирало Масимилиано Алегри.
Алегри од 2014-та до 2019-та година седеше на клупата на Јувентус и за тој период освои пет титули, четири пехари во Купот на Италија, два пехари во Супер купот на Италија.