Во Аргентинската репрезентација владее многу чудна атмосфера по два очајни натпревари на Светското првенство.
Гаучосите беа на чекор од испаѓање по ремито со Исланд и по поразот од Хрватска, но надешта дека можат понатаму му ја дадоа Нигеријците кои успеале да ги совладаат Исланѓаните. Аргентинските медиуми пишуваат дека владее многу лоша атмосфера во аргентинскиот камп, и не е ни чудо што се блиску до испаѓање.
Пред натпреварот против Нигерија кој е одлучувачки за гаучосите на Светското првенство во Русија, Аргентинските медиумите дополнително ги разгориа страстите со најавата дека Лионел Меси и Хавиер Маскерано го прават составот за овој натпревар. Сепак, покрај се, се огласи Маскерано кој едноставно мораше да го демантира тоа и тој рече дека Хорхе Сампаоли сам одлучува за стартниот состав.
„Односот со селекторот е нормален. Очигледно кога се чувствуваме непријатно за нешто зборуваме со него, бидејќи ако тоа не го направиме ќе бидеме лицемери. Знаеме дека ситуацијата е незгодна. Мораме да бидеме обединети, да ги изразиме нашите мислења и да сториме сé што е можно да влеземе во мечот во најдобра позиција“, -рече Маскерано