Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, објави ТВ Алсат.
Веста за овој медиум ја потврдил и портпаролот на Федерацијата, кој нагласил дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. Како што објави Алсат не се знае во моментов каква е состојата на Сејдини.
