ФУДБАЛ

Масовната тепачка ги донесе очекуваните резултати: Познат број повредени и опасни по живот навивачи

Голема тепачка се случи денеска пред почетокот на натпреварот меѓу Ница и Келн.

Имено, овие два клуба одиграа натпревар во 1.коло од групната фаза на Европската лига, а конечниот резултат гласеше 1:1.

Сепак, натпреварот остана во сенка на случувањата пред почетокот на натпреварот, кој беше одложен, а прашање беше дали ќе се игра.

Навивачите на двата тима си фрлаа предмети, а потоа се степаа. При сето тоа еден од навивачите падна од една на друга платформа на трибината.

Тој пад од висина од пет метри му донесе тешки физички повреди, а лекарите се бореа за неговиот живот.

Откако се се смири и заврши, познат е конечниот исход од пресметката на двете навивачки групи.

Така се повредени 18 навивачи, еден навивач, оној кој падна од висина од пет метри, е во животна опасност.

Покрај тоа, двајца навивачи се избодени, но се надвор од животна опасност. Навистина такви сцени што не сакаме да ги гледаме.

https://twitter.com/riotwithstyle/status/1567945102139748352